Каква бахамска офшор-шема го поврзува Ден Дончев со сателитската компанија „Тарбс“?

by fokus

Освен што во 2018 година примил 50.000 евра од македонската компанија регистрирана во Муртино „Ремаркет“, Дончев во 2019 година примил и 80.000 австралиски долари од австралиската компанија „Мегантик“, од каде што впрочем доаѓаат сите приливи кон „Ремаркет“.

Податоците што ги обезбедивме говорат дека сопругата на Дончев била управител на компанијата „Вентуре Оне“, која пред да биде ликвидирана во 2010 била регистрирана на иста адреса како и „Тарбсмак“, дел од австралиската групација што своевремено склучи договор со МТВ за емитување сателитска програма.

Според документацијата , како сопственик „Вентуре Оне“ се јавувала истоимена компанија со седиште на бахамските острови Туркс и Кајкос, кои всушност претставуваат офшор-зона

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК