Како вевчанската фамилија Мукоски-Угриновски со ортаците добила милионски тендери за изградба на државни објекти?

by fokus

Минатата седмица објавивме дека „Атриум“ на семејството на поранешниот пратеник Крсто Мукоски, кој беше амнестиран за „крвавиот четврток“ откако гласаше за уставни промени, инкасирала 1,5 милион евра преку договори за тековно одржување објекти во сопственост на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, иако имало значителни отстапувања меѓу ориентационите и понудените цени.

Во ова продолжение, пак, откриваме дека компанијата добила уште повредни тендери од ПУИК за изградба на нови објекти на повеќе локации.

Притоа, документацијата покажува дека „Атриум“ како носител на конзорциум со скопската „Декон-Ком“ во 2019 година го добила тендерот за изградба на објект во Свети Николе од 1,3 милиони евра, додека истите фирми ја добиле и зделката за објект во Виница од 1,1 милиони евра, со тоа што овојпат „Декон-ком“ бил носител, а „Атриум“ член на групацијата.

Дополнително, истиот тандем во 2020 година го добил и тендерот за нов објект во Гевгелија вреден 1,6 милиони евра, така што во еден од конкурентските конзорциуми членувала „ВИА Инженеринг“ на поранешниот вевчански градоначалник Цветомир Угриновски, брат на бизнисменот и сопственик на „ВИА ДОО“ Ѓорѓи Угриновски, кои, пак, му се роднини на Мукоски.

Исто така, и овие фирми склучиле високи договори за јавна набавка!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК