Набргу откако Врховниот суд пресуди дека ТЕ-ТО должи 11 милиони на малцинскиот акционер „Топлификација“ АД, офшор-компанијата со руски капитал „Битар Холдинг“ покрена стечајна постапка за ТЕ-ТО, во чии рамки беа отпишани над 100 милиони евра, од кои 30 милиони евра долг кон „Топлификација“.
Од македонското друштво што го контролираше топлификацискиот сектор до 2012 година, кога бизнисот го презеде БЕГ, исто така во сопственост на „Битар Холдинг“, обвинуваат дека стечајната постапка е незаконска, преку вештачко доспевање на долгови.
Од „TE-TO“, пак, велат дека судот одлучил да го прифати нивниот план за реорганизација, кој гарантира успешно работење во иднина и враќање на инвестициите преку дивиденда.
Во меѓувреме, неколку надлежни институции го испитуваат работењето во овој сектор
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”