Во текот на 2023, пишувавме за криминални случаи во здравството, за бизнис-операции на семејства на политичари и на олигарси што се најдоа на „црната листа“, за неуспешни конфискации на нелегално стекнат имот, за трупање имот од страна на блиски лица на јавни функционери, за спорни тендерски постапки и купопродажби на недвижен имот, за врските меѓу политиката и казино-бизнисот, за системски слабости при третманот на бездомници и затвореници…
За дел од овие случаи реагираше домашната јавност, се огласија и политички партии, кои бараа да постапат надлежните институции. Една од нив е Антикорупциската комисија, која отвори неколку предмети, но тоа никогаш не предизвика понатамошна верижна институционална реакција.
Во други случаи, пак, постапувале Финансиската полиција и други органи со истражни овластувања. Исто така, реагирало и Јавното обвинителство, но нема ниту едно обвинение пред суд.
Пишуваат:
Ирена МУЛАЧКА
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК