На состанокот во септември 1993 г. во кабинетот на претседателот на Собранието, на кој покрај мене присуствуваа премиерот Црвенковски, министерот за внатрешни работи, Фрчкоски, и министерот за одбрана, Поповски, Фрчкоски рече дека испратил писмени наредби до сите органи на МВР на граничните премини да не пропуштаат цистерни со нафта и деривати за СР Југославија.
Контролата му покажувала дека наредбите се почитуваат.
Им реков, ако сте сигурни дека состојбата е таква, повикајте го генералот Томсен, запознајте го со вистинските податоци, докажете му дека неговите извори го дезинформирале и отстранете ја опасноста за која тој го известил министерот за одбрана.
Тогаш Црвенковски, пак, проговори: „А бе оној Јоцо Реган изгледа нешто плетка“, мислејќи на потпретседателот на Владата, Јован Андонов!
Пишува
Стојан АНДОВ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК