Каде завршиле половина милион евра наменети за бонуси за плати и долгови во ковид-пандемијата?!

by fokus

За време на ковид-пандемијата, повеќето клиники станаа ковид-центри, а за целиот ангажман на здравствените работници, владата реши да оддели пари за да ги награди за нивната пожртвуваност.

Меѓу нив беше и Универзитетската клиника за физикална рехабилитација, каде што има 136 вработени, кои во периодот од 2021 и 2022 година, со одлука на Управен одбор на Фондот за здравство, добиле дополнителни парични средства, кои, заедно со средствата издвоени за долгови поврзани со ковидот, надминува сума од половина милион евра.

Сепак, дел од вработените тврдат дека воопшто не добиле никакви парични награди и поради тоа покренале тужби.

Во тоа време, директорка на оваа клиника е актуелната заменик-министерка за здравство, Маја Манолева, која, пак, тврди дека сите средства им се исплатени на вработените.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК