Фондот за иновации одбележува пет години од своето постоење, и во тој период навистина има со што да се пофали. Ова е дефинитивно најбрзорастечката државна институција, која постојано се развива и се прилагодува согласно потребите на домашните компании.
Стопанството, или повеќе од 500 компании преку Фондот, веќе се поддржани со десетици милиони евра, а буџетот за оваа намена постојано се зголемува. Фондот за иновации беше меѓу првите институции што влегоа во борба со Ковид 19 пандемијата преку директна помош на најзагрозените компании.
И покрај тешкотиите со кои моментално сите се сочуваме, директорот Деспотовски е оптимист дека за компаниите и за Фондот доаѓаат поубави времиња. Тој, голема надеж полага во формирањето стабилна политичка влада и во фактот што европскиот пат на нашата држава веќе е загарантиран.
Им порачува и на граѓаните и на државата дека иновациите се иднина на државата, во која сѐ повеќе треба да се вложува
Разговараше
Дејан АЗЕСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК