Јован Деспотовски: Ако сакаме брз развој, функционерите ќе мора да си го нарушат комодитетот

by fokus

Со директорот на најактивната, но и најнапаѓана институција во последните две години имавме отворен разговор без никакви ограничувања. Во час и половина ни раскажа како успеал буџетот на Фондот да го зголеми за 40 пати и да опслужи со средства повеќе од 300 компании со неколку десетици милиони евра.

Но, ни ги анализираше и случаите за кои се осомничени како институција за фаворизирање компании блиски до функционерите од власта. Деспотовски признава пропусти, но не и намерни грешки и за тоа гарантира со својот кредибилитет. Најавува уште поамбициозна политика во наредните години и негова желба е фондот да стане финансиски независен од државата.

Дополнително, најавува дисторзија во системот, која ќе ги поттикне и приватните инвеститори да финансираат добри идеи и иновации. Дециден е дека во Македонија има и креативни луѓе и добри идеи, а за претприемачкиот капацитет, кој толку многу ни фалеше, смета дека полека, но сигурно се гради

Пишува
Дејан АЗЕСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК