Приказната на 37-годишниот Јане од Прилеп е трагична и вознемирувачка. Тој веќе 20 години е во будна кома, а од 2007 година е сместен во прилепската болница.
Неговото семејство сведочи дека поминало трнлив пат по здравствените лавиринти, но за Јане не се нашол начин да замине на лекување во странство, каде што неговите блиски очекуваат дека тој ќе има подобрување на здравствената состојба.
Неговиот татко за „Фокус“ ја раскажува целата голгота што ја поминува семејството, кое се обратило и до владата и до скопската Клиника за неврохирургија, од каде што тврдат дека му е потребно доиследување, но тоа не оди на сметка на ФЗОМ.
Токму Фондот за здравство е институцијата што дава зелено светло за лекување во странство, но од таму тврдат дека до нив не е поднесена никаква медицинска документација.
Пишуваат
Вики КЛИНЧАРОВА
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК