Изет Меџити: ДУИ забега и се претвори во мафијашки клан, кој владее со казино-бизнисот, лихварството и со дрогата!

by fokus

Меџити е долгогодишен функционер на ДУИ, кој бил партиски потпретседател, шеф на републички изборен штаб, прв човек на чаирскиот огранок, градоначалник на Чаир, координатор на пратеничка група. Но, тој влезе во конфликт со партиското раководство на чело со Ахмети, бидејќи смета дека партијата застранила од реалноста.

Сепак, т.н. „огнена група“ се подели и ја загуби битката внатре во ДУИ, што го натера да формира нова партија – Демократско движење, која веднаш формираше опозициски блок со Беса и Алтернатива, чии лидери веќе постигнале договор за заеднички настап на следните избори.

Во интервју за „Фокус“, Меџити упатува тешки критики кон поранешната партија, велејќи дека паднала на ниско дереџе, одејќи по паметот на Груби. Според него, ДУИ е партија со изминат рок, која наликува на криминален клан што го контролира бизнисот со казина, лихварство, дрога…

Притоа, открива дека „казино-бизнисот“ го развиваат еден Австриец и еден Израелец, кои патем се грижат и за ПР-от на ДУИ.

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК