ИНТЕРВЈУ | Зијадин Села: Грубо се гази врз легитимитетот на Албанците, државите што не ги решавале внатрешните проблеми минале низ тешки драми или веќе не постојат!

by fokus

Села многу години е на политичката сцена, а пошироката јавност го запозна откако стана пратеник од редовите на ДПА по што беше избран и за градоначалник на Струга.

Тој беше еден од основачите на коалицијата Алијанса за Албанците, која подоцна се трансформираше во политичка партија на чело со него. Сепак, по поразот на предвремените локални избори во Тетово одлучи да се повлече од лидерската позиција и да му отстапи место на Арбен Таравари.

Но, двајцата се разидоа во пресрет на последните двојни избори и сѐ уште водат судска битка за партиските печати. Во интервју за „Фокус“, Села говори за односите со Таравари, за соработката со Ахмети, за изборната победа на Мицкоски, како и за очекувањата на претстојните локални избори, кои, според него, може да се спојат и со парламентарни избори.

Тој ги осуди иницијативите за преиспитување на балансерот и на законот за јазиците и воедно најавува протести за, како што вели, одбрана или оздравување на демократијата.

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК