ИНТЕРВЈУ | Венко Филипче: На ВМРО и на ДУИ им одговараат наративите на меѓуетнички конфликт и дестабилизација, СДСМ нема да биде дел од вакви нечесни игри!

by fokus

Не би се чудел ако подигањето на меѓуетничка тензија е договорена стратегија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Во интервју за „Фокус“, Филипче ја коментира владината реторика дека се подготвува дестабилизација, но говори и за состојбите во правосудството, откако веќе јавно призна дека измените на Кривичниот законик биле грешка.

Притоа, тој ги коментира и негативните ефекти и последици од блиската економска и политичка соработка со Унгарија во контекст на евроинтеграцискиот процес, а не ја одмина ниту темата за СДСМ по историски најтешкиот пораз на двојните избори.

Воедно, во својство на поранешен министер за здравство, се осврнува на трагедијата во тетовската модуларна болница и за предизвиците во јавното здравство.

Според него, актуелната влада веќе покажала лоши сигнали и перформанси, кои ја чинат губење на поддршка.

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК