Интервју | Стојанче Ангелов: Мора да се соочиме со суровата реалност – пожарите не може да ги спречиме и треба да се навикнеме на нив!

by fokus

Имаме сè, но не луѓе што ќе излезат на терен и ќе гаснат пожари, кои ќе отидат во планина да спасат човек, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Во интервју за „Фокус“, тој посочува дека цел систем што учествува во гаснењето на пожарите треба да биде комплетно реорганизиран или трансформиран, така што ќе се формира една мултифункционална единица за заштита и спасување на цела територија.

Според него, речиси сите шумски пожари се предизвикани од човек, со тоа што најголемиот дел се ненамерно предизвикани од запалени стрништа и пасишта од страна на земјоделци и сточари, додека помал дел се директно предизвикани од пиромани и од криминалци.

Разговара
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК