ИНТЕРВЈУ | Христијан Мицкоски: Ќе ги преземеме сите неопходни мерки за да го заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија!

by fokus

Во двобројот на неделникот „Фокус“, кој излегува за 2 Август – Илинден, објавуваме ексклузивно интервју со премиерот Христијан Мицкоски, кој говори за изборниот резултат од денешна перспектива, за односите во владата, за состојбите во опозицијата…

Притоа, Мицкоски уште отсега најавува поддршка за ВЛЕН на следните локални избори, ако, според него, дотогаш продолжи принципиелната соработка.

Воедно, тој се осврнува и на иницијативата на ДУИ за озаконување на принципот „победник со победник“ и за територијална реорганизација на државата, истакнувајќи дека тоа ја загрозува интеретничката слика и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија.

Исто така, премиерот истакнува дека има многу индиции и сомнежи за крупен криминал во режија на неговите претходници, но, како што вели, иако досега има многу допрен глас, има многу малку дејство.

Во врска со најавените реформи во правосудството, не отстапува од идејата самите судии и обвинители да ги избираат претставниците во клучните тела.

Патем, меѓу темите за разговор беа Преспанскиот договор, уставните измени, демографските предизвици…

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК