Обвинителот Гаврил Бубевски веќе две години е на чело на Основното јавно обвинителство Скопје, а претходно јавноста го запозна како дел од Специјалното јавно обвинителство.
Иако важеше за еден од фаворитите за републички јавен обвинител, сепак вели дека останува на старата позиција, бидејќи има уште многу да придонесе.
Во моментов, очите на јавноста се вперени во ова обвинителство, исчекувајќи резултати од истрагата за двојното убиство на Вања и Панче.
Според него, нема пречка за брза екстрадиција на Палчо, а, како што вели, доказите одат на иста линија со исказите на осомничените.
Во интервју за „Фокус“, тој посочува дека крајот на предметите на СЈО е неправеден, оценувајќи дека измените на Кривичниот законик биле последниот удар.
Разговараше
Валентина ВУРМО
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК