Апасиев е лидер на Левица, која на последните парламентарни избори не ја оствари проектираната предизборна цел за освојување на над 100.000 гласови, но успеа да го продолжи перманентниот раст од избори до избори, така што сега е застапена со 6 пратеници во Законодавниот дом.
Во интервју за „Фокус“, тој вели дека проектот ЗНАМ и медиумскиот бојкот ги чинеле неколку пратеници минус.
Притоа, најавува дека на локалните избори за една година, целта им е да освојат градоначалници, па главната битка да ја водат на следните парламентарни избори, кога очекуваат целосно да го потиснат СДСМ и да бидат главна политичка сила во левиот спектар, но и директно да се пресметаат со ВМРО-ДПМНЕ, особено ако власта ги донесе уставните измени.
Според него, уште во првите 100 дена од формирањето на новата влада, станало јасно дека ВМРО-ДПМНЕ се, како што вели, поголеми предавници од СДСМ, додека ВЛЕН се покажале поопасни од ДУИ. Говори дека се случува т.н. косоваризација на Македонија и бинационален грабеж, што, според него, оди кон сценарио државата полека да биде расцепкана.
Како што нагласува, патот на Западен Балкан кон ЕУ е затворен, бидејќи интересот на Европа е овој дел да служи како депонија каде што ќе се случуваат највалканите работи.
Иако смета дека веќе се води Трета светска војна, а на Балканот има 3 жаришта – Косово, Република Српска и Македонија, истакнува дека нема да дојде до реприза на 2001 година, велејќи: „Ако дојде, тогаш да сме живи и здрави – ќе фатиме пушки како партизаните“.
Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК