Африм Гаши, на политичката сцена се појави како дел од БЕСА, која беше најголемо изненадување на парламентарните избори во 2016 година.
Меѓутоа, веднаш потоа БЕСА почна да бележи пад по што партијата се подели на два дела. Всушност, приврзаниците на партискиот лидер Биљал Касами се изборија за партискиот бренд и печат, додека спротивниот табор се издвои во нова партија – Алтернатива, на чие чело застана Гаши.
Впрочем, така беше сѐ до неодамна, односно до неговиот избор за собраниски спикер, функција која е неспоива со позицијата партиски лидер.
Ако парламентарните избори кога за првпат се појави БЕСА донесоа политички промени во македонскиот блок, изминативе избори донесоа промена во албанскиот блок, имајќи предвид дека по 20 години, ДУИ замина во опозиција.
Имено, дел од власта стана ВЛЕН, сојуз на повеќе албански партии и лидери, а еден од нив беше Гаши, кој прво си подаде рака со Касами, потоа двајцата се здружија со Изет Меџити, за на крај да им се придружи и Арбен Таравари.
При распределбата на функции, Касами остана градоначалник, Меџити стана вицепремиер, Таравари стана министер, а Гаши прв меѓу еднаквите во парламентот.
Од сите нив, се чини во фокусот на јавноста најмногу е Гаши, кој прво стана актуелен со заклетвата на албански јазик, па привлече внимание со изјавата за Косово, за на крај да стане мета на напади поради инцидентот на скопскиот аеродром.
Само што стивнаа реакциите за овој случај, тој повторно се најде на тапет поради одењето на свадбена веселба со службено возило. Во интервју за „Фокус“, тој дава своја перспектива за овие настани, но говори и за политичките состојби, за евроинтеграцискиот процес, за правосудството…
Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК