Пред две недели, вознемирена мајка на социјалните мрежи објави дека нејзината ќерка Вања Ѓорчевска не се појавила на училиште и дека се сомнева дека е киднапирана.
Тоа беше почетниот тригер за официјално да почне потрагата. Крајниот исход е убиено девојче. Според сознанијата на надлежните институции, во грабнувањето учествувале петтмина, а главниот ликвидатор и на девојчето и на старецот од Велес е контроверзниот бизнисмен и политичар Љупчо Палевски-Палчо.
Засега постои сомнеж дека и таткото на девојчето е вмешан во киднапирањето, со тоа што, наводно им ги дава потребните информации каде се движи сега веќе убиената Вања.
Палевски беше фатен во Турција, откако за него беше распишана меѓународна потерница и одреден е 30-дневен притвор.
Сепак, останува неодговорено главното прашање – зошто е убиено девојчето, дали се задушила додека била врзана во ѓепек во автомобилот и зошто е пукано во неа?
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК