И со демократијата се претера!

by Фокус

Преку десетте лица на изборните манипулации се стигнува само до еден заклучок – гласовите не одат кај најдобриот, не одат за најавените проекти, не одат кај тој што има најдобар слух кај народот.

Гласовите одат таму каде што се застапени стравот, сиромаштијата, притисокот и уцената. Гласовите се купуваат со парите од самите граѓани, се купуваат со превоз, со стуткана илјадарка пикната в џеб, со закана за уништување на бизнисот и за отпуштање од работа.

Гласот не е веќе слободна волја, туку присилба и една мисла, дека, не дај Боже, од ова има и полошо! Тоа ли е ден на демократијата за ВМРО-ДПМНЕ?!

Пишуваат
Мери ЈОРДАНОВСКА
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”