Како „бомба“ во јавноста одекна веста дека фирма на кумот на Груевски увезувала фалсификувани лекови од Турција, која во интервју за „Фокус“ ја сподели директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев.
Се потрудивме да дознаеме кои се другите фирми, кои, исто така, се паралелни увозници на лекови кои ги набавуваат од Турција, а меѓу нив се најде и фирмата на поранешниот директор на Фондот за здравство, Јанез Јелникар, поставен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кој во 2010 година, без никакво посебно образложение, го напушти директорското столче.
Постоеја многубројни шпекулации за неговото заминување, но тој полека влезе во фармацевтскиот бизнис, кој од година во година сѐ повеќе се шири. Меѓу фирмите што увезуваат лекови според паралелен увоз од Турција се и „Зегин“, „Д-р Пановски“, „Елбијор“…
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”