Христијан Мицкоски: ЕУ не е фер, зад бугарското вето стојат други интереси – ако некој ја сакаше Македонија внатре, тоа ќе го направеше без услови!

by fokus

ДУИ е огромен генератор на институционален криминал, а СДСМ му асистира во криминалот, како измеќари се и чекаат трошки, вели Мицкоски во интервју за „Фокус“.

Тој е убеден во историска победа на следните избори, прогнозирајќи разлика од над 100 илјада гласа и 10 пратеници.

Според него, ДУИ треба да замине во опозиција, а владата што би ја формирале, ќе се соочи со големи предизвици.

Како што вели, потребен е политички консензус за утврдување реформски план за следната декада. Останува на ставот „против“ уставни измени и упатува критики кон ЕУ, бидејќи не смеело да има нови условувања по „насилната промена на уставното име“.

Воедно, разговараме за Законот за амнестија и за измените на Кривичниот законик, конфронтацијата со Груевски, критиките на Георгиевски…

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК