„Гранит“ го продал хотелот на Попова Шапка на фирма за осветлување со еден вработен, па добил нов милионски тендер за автопатот кон Блаце!

by fokus

ЈП за државни патишта и АД „Гранит“ на 16.1.2020 година склучија договор за изградба на 2 километри од автопатската делница кон Блаце, во вредност од 17 милиони евра.

Но, овој договор не се реализираше во предвидениот рок, па двете страни на почетокот на годинава (24.1.2023) склучија нов договор за докомплетирање на трасата во вредност од 11 и пол милиони евра.

Притоа, огласот за тендерот е објавен на 21.10.2022 година или само неколку дена откако на 17.10.2022 година во катастарот е запишана промена на сопственоста на хотелот „Гранит“ на Попова Шапка.

Врз основа на договор склучен на 15.8.2022, солемизиран на нотар на 14.10.2022 година, овој имот за 55 илјади евра го купила компанијата „Еуро Ком Лигхтинг“ со главна дејност – електрорасвета, која во последните години работи со загуба.

Првично, ова друштво било основано од актуелниот претседател на ФК Шкупи, кој можел да се види како во друштво на функционери на власта следи фудбалски натпревари, а своевремено бил ангажиран и во Царинската управа

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК