Горјан Тозија: Власта на Груевски дала огромни пари за филмови за Цар Самоил и за Александар Македонски, ние ги вративме

by fokus

За време на власта на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија е создаден нов филмски жанр, партискиот филм, вели новиот директор на Агенцијата за филм, Горјан Тозија. По една година на оваа позиција, Тозија вели дека најголемиот предизвик е да се деконтаминира македонската кинематографија од партиските влијанија.

Вели дека под режимот на ВМРО-ДПМНЕ, средствата на Агенцијата се делеле по партиска линија и врз база на блиски пријателства. Најмногу пари се инвестирале во проекти што биле дел од пропагандата на тогашната власт.

Се фаворизирале сценарија со националистичка тематика, такви што ќе го воспеваат националистичкото чувство и ќе ја пласираат идејата за античкото потекло. Неколку такви кои биле во предпродукција нема да се остварат бидејќи новото раководство на Агенцијата ги раскина договорите.

Тозија се најде и на мета на сериозни обвинувања за измами додека живеел во Хрватска. Категорично ги демантира наводите. Вели дека не се срами од својата кариера, дека филмот е светост за него и дека живее скромно

Разговараше
Маја ВАСЕВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”