Горан Николовски: УБК направи лоша проценка за Диво насеље

by fokus

За реформи во делот на следењето на комуникациите ќе се формира посебна агенција, која ќе има единствено техничка улога, само да го вклучува сигналот, а нема да може да слушаат. УБК, пак, ќе може само да слуша, но нема да може да вклучува. Ова го објаснува директорот на УБК, Горан Николовски, во ексклузивното интервју за „Фокус“.

Во врска со реформите на безбедносниот систем, пак, Николовски наведува дека МВР сѐ уште нема конечен став, но проценка на службата што ја раководи е УБК да излезе надвор од МВР. За тоа имаат поддршка и од Меѓународната заедница, а убеден е дека вистинското решение е децентрализација на моќта.

Николовски демантира дека Груевски е прислушуван, а одговара и на прашања за случајот Диво насеље, за крвавиот четврток, заканите за атентат врз Заев, кадровските смени во УБК, за односите со Мијалков.

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”