Газдите на исклучената „Бауер БГ“ преку друга компанија ќе градат 5 базени за над 3 милиони евра!

by fokus

Градежната компанија „Бауер БГ“ стана позната за пошироката јавност за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога доби многу големи тендери за изградба на јавни објекти, пред сѐ од Градот Скопје на чело со Коце Трајановски.

Но, соработката на компанијата со Градот продолжи и откако „градски татко“ стана Петре Шилегов, сѐ до моментот кога фирмата по вторпат доби едногодишна забрана за учество на тендерски постапки поради издадена негативна референца.

Сепак, сопствениците на друштвото поседуваат уште една компанија – „Енергоинвест Трејд Глигор“, со која во меѓувреме успеале да добијат тендери во вкупна вредност од 5,5 милиони евра, при што најголем е оној од Агенцијата за млади и спорт за изградба на затворени училишни базени.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК