Сега-засега не може да се одговори на прашањето дали посетата на Мицкоски на САД и неговите средби со луѓе блиски до Трамп имаат суштина, бидејќи тоа моментално не може да се утврди или измери.
Туку, оваа дилема може да се разреши дури после извесно време, кога практично ќе се расчисти маглата каква позиција ќе има САД кон Македонија и македонските предизвици на политички план, пред се во контекст на евроинтеграцискиот процес.
Исто така, дотогаш ќе стане појасно и дали некој од милијардерите со кои се сретна Мицкоски ќе инвестира во земјава, какошто постојано се подгреваат надежи и очекувања.
Или, пак, и ова ќе остане уште една епизода за лична промоција и обид за факторизирање на глобална сцена, каквишто сме се изнагледале многупати досега.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК