Фатмир Лимани: Семејството Ахмети злоупотребија 5 милиони франци од фондовите на ОНА, денес поседуваат огромен недвижен имот и возен парк!

by fokus

Лимани беше заменик-директор на ЕЛЕМ како кадар на ДУИ, но се разиде со матичната партија, па на последните локални избори истрча како независен кандидат за градоначалник на Кичево по што направи трансфер во опозициската БЕСА, која, како што најавува, ќе победи на следните избори заедно со Алтернатива, „огнените“ и гласачите на АА.

Тој на јавноста ѝ е познат како внук на Али Ахмети поради што неговите критики на сметка на лидерот на ДУИ добиваат специфична димензија и тежина. Во интервју за неделникот „Фокус“ зборува како семејството Ахмети го стекнале богатството и каде сѐ имаат имот.

Според него, во имотното портфолио на семејството Ахмети влегуваат пасишта, каменолом во Буковиќ, бачила, вили во земјава, како и во соседна Албанија. Воедно, обвинува дека семејството Ахмети контролира и дел од бизнисот со канабис

Разговараше
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК