ЕЛЕМ платил 230 милиони евра на приватни фирми, а не купил ниту една машина!

by fokus

Државната компанија за производство на струја последен пат инвестирала во сопствена механизација за РЕК Битола во 2008 година, кога купила 4 машини, од кои едната денес е неисправна.

Истовремено, ЕЛЕМ во последните десетина години потрошил над 230 милиони евра за ангажман на надворешна механизација за ископ на јаглен кон неколку добро познати приватни компании, и тоа честопати во нетранспарентни постапки во четири очи.

Сепак, и покрај потрошените милиони, во овој десетгодишен период количеството на ископан јаглен се намалило, а со самото тоа и производството на електрична енергија, што автоматски влијаело врз зголемување на увозот

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”