Економист на чело на Здравствен дом Скопје – веќе 2 месеца нема раководител на Брза помош, а еден тим покрива и по 40.000 жители!?

by fokus

Со промената на власта, дојде и до промена и на директорското место во Здравствен дом-Скопје, под чија капа е и Итната медицинска помош, како и уште 33 други здравствени домови на територијата на главниот град.

Во текот на август, Самир Исени е именуван за нов директор, кој доаѓа од владејачката Алтернатива. Но, тука постои еден спорен момент, а тоа е дека новиот директор по професија не е лекар, туку дипломиран економист, кој бил советник во скопската општина Бутел, а истовремено работел во приватна компанија.

Лани, Центарот за граѓански комуникации направи обемно истражување, според кое, во земјава вкупно недостигаат 52 екипи за Итна медицинска помош, за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК