Еднодневниот бојкот им откина 1,6 милиони евра на маркетите, кои годишно вртат 930 милиони евра!

by fokus

Мерка за успешност на граѓанскиот бојкот беше тоа што тој ги натера менаџерите на ланците супермаркети да нудат акции со кои „значително“ ќе се намалат цените на најосновните производи.

Но, финансиски тоа за нив не значи воопшто ништо, ако се споредат бројките од годишниот приход што го прават.

Имено, седумте најголеми трговски ланци на маркети во земјава, во 2023 година оствариле вкупни приходи во износ од 930 милиони евра, што значи дека еднодневниот бојкот во петокот, кој го намали прометот за 1,6 милиони евра, на супермаркетите им откинал 0,2 отсто од годишниот приход.

Пишува
Орце КОСТОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК