„Дрисла“ изнајми машини во четири очи, струмички бизнисмен инкасира 200.000 евра

by fokus

Набргу откако се трансформираше од приватно во јавно претпријатие, новото раководство на ЈП Дрисла склучи договор по пат на преговори со струмичката компанија „Алпима Градба Тим“ за градежна механизација во времетраење од 3 месеци, додека не се спроведе отворена тендерска постапка за механизација до крајот на годината.

Според податоците што ги обезбеди „Фокус“, оваа компанија е во сопственост на Александар Пиперевалиев, кој воедно е малцински содружник во друштвото за медицинска марихуана „Бул-Билдинг“ заедно со бугарски „Минстрој“ и Горан Крстев, а до неодамна бил дел и од уште две компании од овој сектор.

Паралелно со овој тендер, скопската депонија распиша постапка за санација на сопствениот возен парк, кој долго време е надвор од функција

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК