Додека обвинителството го испитува закупот на „Кале“, МОК врти 1,5 милион евра годишно и влече екстра приходи од „Јане Сандански“!

by fokus

„Фокус“ го истражуваше спорниот закуп на дел од спортско-рекреативниот центар „Кале“ од страна на поранешниот советник за спорт на експремиерот Зоран Заев, Даниел Димевски, кој деновиве успеа да се избори за втор мандат на чело на Македонскиот олимписки комитет, откако спортски федерации и работници побараа негова смена.

Во сторијата објавена во минатиот број на неделникот, пишувавме дека неговата „ТУРД Олимпик“ склучила договор на 30 години за закуп на базенот „Плаја виста“, каде што урбанистичкиот план предвидува изградба на објект со намена спорт и рекреација.

Откако ДКСК отвори постапка, ЈП за стопанисување со спортски објекти го раскинува овој и склучува нов договор со „Г3-Фуд“, со тоа што двете страни, заедно со „ТУРД Олимпик“, прават договор со цесија, со цел закупнината да се пребива со судски потврден долг.

Арно ама, фактурата меѓу двете компании ја нема во претпријатието, реагирале УЈП и Финансиската полиција, а постапува и Јавното обвинителство.

Во меѓувреме, МОК ја зел под закуп салата „Јане Сандански“ од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој го препуштил спортскиот комплекс проценет на 30 милиони евра на период од 26 години за нецели 50 илјади евра, иако стопанисувањето со салата донело приливи од 325.000 евра за една година.

На тој начин, се зголемил и буџетот на Комитетот, кој лани достигнал речиси 1,5 милион евра. Што покажуваат новите податоци и сознанија до кои дојдовме?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК