Тетовската градежна компанија „НБ-Компани“, во 2021 година склучила договор за внатрешно уредување на новиот културен дом во Тетово, во вредност од 23 милиони евра, во тендерска постапка со елиминирана конкуренција од странство и безмалку симболична аукција, објавивме во минатиот број на неделникот.
Новата документација што ја обезбедивме, пак, открива дека додека компанијата го реализира овој договор, врз основа на кој досега наплатила 5,5 милиони евра, сестринската „Ган-Логистик“ купила 2 бензински станици при влез во Скопје за 7,5 милиони евра.
Податоците со кои располагаме покажуваат дека имотот е купен од „Пуцко Петрол“ и „БИ Холдинг“, кои по роднинска линија се поврзуваат со пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, а посредно се доведуваат во корелација и со зетот на партискиот лидер Али Ахмети.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК