Додека ја чекаме Европа: Младите ги спакуваа куферите и заминаа во Хрватска по подобар живот!

by fokus

Лани, на македонски граѓани им биле издадени 10.053 дозволи за работа и престој во Хрватска, а годинава, само до мај, дозвола добиле околу 5.000 граѓани.

Најголемиот број од тие што заминаа во Хрватска се студенти, млади луѓе во потрага по подобар живот и финансиска независност.

Воедно, како што раскажуваат тие за „Фокус“, сакале да ја искористат и можноста да поминат неколку месеци во европска земја, подалеку од вестите за корупција и немаштија.

Ова излевање на млада работна сила се чувствува насекаде, а најмногу во угостителството. Огласите во кои се бараат келнери, шанкери и готвачи станаа честа слика

Пишува
Вики КЛИНЧАРОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК