Николовски е директор во угостителското училиште од 2006 година, од времето на Груевски, па сѐ до денес. Во 1980-тите, тој бил ученик во ова училиште, но бидејќи тогаш имало само три степени, многу години подоцна, откако веќе бил директор, во 2014 г. тој решил да се запише и да заврши четврта година во истото училиште, заедно со своите ученици и самиот си ја потпишал дипломата!
Претходно имал завршено факултет за туризам во Охрид, а четвртата година во угостителското училиште му била потребна да се запише на нов факултет во 2015 година на Штипскиот универзитет, каде што истовремено запишал и додипломски и докторски студии.
Во меѓувреме, во 2013 имал завршено и магистратура, па така, додека бил студент во Штип, почнал и да им предава на студентите како стручњак од практиката и да им се потпишува во индексите на своите колеги! Во меѓувреме, училиштето со кое директорува, како што велат вработените и професорите е претворено во фамилијарно дувло
Пишува
Маја ВАСЕВА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”