Додека неколку дена во јавноста тресе аферата „Актор“, новинарите ни под дрво, ни под камен не можат да го најдат директорот на Управата за финансиско разузнавање, Владимир Атанасовски. Тој веќе неколку дена не одговара на ниту еден од повиците упатени на негова адреса.
Во меѓувреме, за сите оние загрижени, каде се сокри најактуелниот директор во моментов во државата, можеме слободно да им кажеме дека денеска тој е во посета на својот роден крај Делчево. Атанасовски заедно со кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов ги посети жителите на источното гратче.
Наместо да излезе со информации за една од најголемите афери во земјава, тој наголемо ја тера предизборната кампања на Иванов. Атанасовски на фотографијата е лево веднаш до Иванов.