Директорот на Детска клиника го враќа на работа братучедот, кој претходно е разрешен и тужен од болницата!

by fokus

Откако на директорската фотелја на Детска клиника седна Реџеп Мемеди, веднаш како негова десна рака секојдневно се појавува неговиот братучед Аљајадин Мемеди, кој не е работно ангажиран и никој не знае во која улога доаѓа.

Сепак, братучедот не е анонимен лик, туку тој до пред две години беше економски директор на истата клиника и беше разрешен поради наводни злоупотреби констатирани во извештајот на ДЗР. Дури, клиниката води и судски спор против него за враќање пари.

Од друга страна, пак, актуелниот директор упорно го брани, тврдејќи дека е погрешно пресметан коефициентот за плата, па затоа тој имал 2.300 евра повеќе и дека нема никаква црна дамка во неговата кариера, освен што финансиски ја подобрил работата на клиниката.

Дури размислува и повторно работно да го ангажира како консултант.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК