Политичката партија ДУИ, во 2013 година стекнaла деловен простор во ТЦ „Мавровка“ со површина од 413 квадратни метри, но во 2020-2021 година, тој преминува во сопственост на тетовски бизнисмени поврзани со спортски обложувалници, кои го купиле просторот за 80 илјади евра, откако неколку години претходно го држеле под закуп за 500 евра месечно и го користеле како кол-центар.
Според податоците што ги обезбеди „Фокус“, станува збор за браќата Емир и Илир Шефити, кои ја поседуваат компанијата „Банана Кицк“, основана во 2016, а лиценцирана во 2020 година, кога всушност друштвото го купува просторот на „интегративците“.
Претходно, тие го реновирале дуќанот и го користеле како кираџии, но откако станале газди, решиле да го издадат на ИТ-компанија од Албанија.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК