Дали со фалсификуван документ на Детска клиника, лек од 120.000 долари завршил за лекување во приватна болница?

by fokus

Низ здравствените лавиринти се крие уште една приказна, поврзана со болницата каде што се лекуваат најмалите пациенти. „Фокус“ располага со документи поврзани со случај на лекување на мало дете, чиј идентитет и жална приказна нема да ја споделуваме со јавноста, со оглед на тоа што тоа е најмалку важно.

Детето се лекува во приватната болница „Систина“, каде што неколкупати му е оперирано срцето. Тоа боледува од ретка болест, мускулна спинална атрофија, чие лекување може да се продолжи само на Детската клиника, од каде што е потребно да се обезбеди и неопходниот лек „рисдиплам“, кој чини вртоглави 120.000 долари.

Подоцна овој лек е обезбеден од клиниката, што подразбира зелено светло да даде Стручниот колегиум на клиниката од 15 члена.

Но, проблемот е што тој заседавал 10 дена откако директорката Стојка Фуштиќ испраќа допис до Комисијата за ретки болести дека добиле согласност од колегиумот детето да се заведе во Регистерот за ретки болести и да се лекува на Програмата за лекување на ретките болести.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК