Дали можеше да се обезбеди конкуренција на милионскиот тендер за смарт-сити?

by fokus

Откако градоначалник е Петре Шилегов, Град Скопје годинава ја спроведе една од најголемите тендерски постапки.

Станува збор за имплементацијата на платформа за дигитален град и систем за паметно осветлување, за што беше склучен договор од 6,5 милиони евра со „Македонски телеком“, во својство на носител на конзорциум од кој дел се уште две компании, а како поддршка се јавуваат и 6 подизведувачи.

Групирани на овој начин, тие го добиле проектот како единствен понудувач, откако Комисијата за јавни набавки претходно одбила голем дел од барањата на заинтересирани компании за измена на условите во тендерската документација и спецификациите, со цел токму да се овозможи поголема конкуренција.

Што открива документацијата што ја обезбеди „Фокус“?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК