Дали банките треба да се откажат од дел од профитот поради корона-кризата?

by fokus

Иако властите првично најавуваа дека ќе биде прекината исплатата на ратите од кредитите во следните месеци, сепак, подоцна се испостави дека банките прифаќаат одредени олеснувања, но не и мораториум на обврските.

Според официјалните податоци, фирмите и граѓаните им должат на банките 5,6 милијарди евра, додека истовремено банките оперираат главно со пари од физичките и правните лица, чии депозити изнесуваат 6,6 милијарди евра.

Експертите сметаат дека банките не треба да се присилуваат и да се уценуваат на одредени концесии и донации, пред сè поради нивната витална улога во системот, меѓутоа дел од нив сметаат дека самите треба да покажат доблест и да се откажат од дел од профитот, кој минатата година изнесуваше 114 милиони евра

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК