Додека СДСМ опстојува на позицијата прво да се одржат претседателски, па потоа парламентарни избори, ДУИ презентираше поинаков став, кој предвидува двојни избори, што, всушност, е на линија одамна промовирана заложба на ВМРО-ДПМНЕ, но и на албанската опозиција.
Всушност, ова се случува во време кога има неофицијални информации за нови контакти и средба меѓу Ахмети и Мицкоски, поради што се наметнува дилемата дали двајцата, особено по пропаста на планот за враќање на Груевски, го скршиле мразот и ги обновиле мостовите за идна соработка, се разбира, зависно од изборните резултати?
Во меѓувреме, се работи на различни коалициски комбинаторики, се врши селекција на кандидати за претседател, а се токми и нов технички премиер. Што говорат сознанијата на „Фокус“?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК