Да беше спорот за името телевизиска серија, ќе беше хит кај публиката

by fokus

Нема ескапизам во тоа да навиваш за посилниот, побогатиот, помоќниот, оној од кого се очекува да победи во некој филм или серија.

Ескапизмот е во тоа да видиш како оној од кој не се очекува да победи, оти е очигледно послаб, посиромашен, репресиран, предаден од сите и оставен на цедило, како таквиот лик не само што не се предава и се бори против сите предизвици, туку и на крајот славно триумфира над своите противници.

Токму затоа, на долг рок, борбата на одредени сили да го сменат името на Македонија е осудена на неуспех.

Дури и тоа да го изведат преку далавери во парламентот каде што за меѓународен договор не треба двотретинско мнозинство или со правнички финти од типот „промена на името во уставот не значи и промена на уставното име“ тоа ќе биде само победа која ќе трае една епизода.

Граѓаните може да бидат отпишани привремено, но отпишаните се враќаат и тоа во боја. Зајакот може да победи, ама тоа не значи дека волкот ќе се предаде и нема да каже со стисната тупаница како закана и ветување за следната епизода: Ну зајец, ну пагади!

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”