Бранко Азески: Тоталната партизација во општеството ќе нѐ осакатува и во следните 30 години

by fokus

„Досега ниедна политичка елита не смогна сила јасно да каже каде сме и кои се нашите перспективи. А ние сме мала земја без големи потенцијали, со проблематична структура на бизнисот што остана од Југославија. Во просек имаме раст на БДП, кој не може да гарантира никакво приближување на Македонија кон евроатлантските земји“, ова се оцените на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

На чело на Комората е од 2005 година, но од 2014 оваа функција ја извршува волонтерски. Тој е и генерален извршен директор на GS1 Mакедонија, непрофитна и невладина асоцијација задолжена за нумерирање на артиклите.

Во два наврати бил претседател на асоцијацијата на балканските комори АБЦ, а сега е потпретседател на УО на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), во рамките на берлинскиот процес со седиште во Трст.

Азески е и почесен конзул на Црна Гора во Македонија. Во јавноста остана запаметен и како последниот претседател на југословенската младинска организација.

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”