„Факт е дека најголем работодавач е владата, која лепачите на плакати ги вработува со контингенти, како на централно, така и на локално ниво. Иако донесовме сет стратегии за реформа на јавната администрација, константно бележиме пораст по доаѓањето на нова власт, обично до 30.000.
И многу поразвиени држави не можат да издржат ваква гломазна администрација. Иднината е, или во вистински реформи, или во ново задолжување и во блиска иднина да очекуваме грчко сценарио, односно банкрот на државата“, вакви се оценките на професорот Борче Давитковски за областа за која е експерт – административното право.
Давитковски, целокупниот работен век го помина на Правниот факултет при УКИМ. Во сиот овој период учествувал во 170 работни тела за подготовка или измена на закони. Нагласува дека во сите тие закони се вметнати европски конвенции. Но, разочаран е што тие од „лукративни“ причини – политички се извитоперуваа, па европските стандарди се изобличени и доведуваат до негативни резултати
Разговараше
Јадранка КОСТОВА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК