Без разлика што членовите на семејството Камчеви имаа проблеми со законот, тоа не значи дека нивниот бизнис трпеше, туку низ годините фирми никнуваа како печурки.
Една од нив е „Р&Д Центер“, формирана на крајот на 2019 година, или само 2 месеца пред да избие ковид-пандемијата.
Компанијата се занимава со набавка на заштитна опрема, па од неа во тој период набавуваат министерства, институции и доста болници. Како нејзин сопственик се јавува сестрата на Камчев – Кристина, која фигурира во вкупно пет семејни компании.
Дел од нив, во чија структура е мајката Ратка, бележат драстична промена во финансиските резултати од година во година. Но, заедничко е дека речиси секогаш остваруваат големи профити.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК