Арбен Таравари: Ни треба нов Устав за внатрешна реорганизација, еден предлог е дводомен парламент и 20 општини!

by fokus

Иако Алијанса за Албанците веќе половина година е дел од владата, менталната матрица на луѓето од оваа партија е генерално опозициска, вели партискиот лидер Арбен Таравари.

Во интервју за „Фокус“, тој посочува дека биле против измените на Кривичниот законик, иако немаат сознанија дека тоа се прави за да му се удоволи на Груевски, кој, според него, може да се врати само за да ја одлежи казната.

Сепак, Таравари верува дека ќе се изгласаат уставните измени во последен миг со помош на ВМРО-ДПМНЕ, откако ќе се дадат одредени гаранции дека нема да има други бугарски барања на патот кон ЕУ.

Доколку не се случи тоа, предупредува дека ќе се отвори Пандорината кутија, појаснувајќи дека тоа не значи нова војна или нови граници, туку на сцената ќе се јави албанска радикална  десница, како пандан на македонската радикална левица.

На тој начин, според него, ќе се отворат легитимни теми за внатрешна реорганизација на државата, при што една од можните опции е дефинирање на 20 развиени општини, чии градоначалници ќе бидат дел од еден парламент, додека истовремено ќе има друг парламент од 50 или повеќе пратеници.

Лидерот на АА се залага за самостоен изборен настап, целосно нов Устав и што поголема децентрализација. Во продолжението, прочитајте и зошто не успеале повеќе обиди за уривање на владата на СДСМ и ДУИ, за фузија меѓу Алијанса и Алтернатива, за обединување на Беса и Алтернатива…

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК