Арбен Таравари: Ни Груевски не се однесувал толку грубо кон Заев како градоначалник, колку што Заев сега се однесува кон Гостивар

by fokus

„На 20 декември им го испратив буџетот на сите советници, а се стави на дневен ред дури на 5 март, за првпат. Но, не се става на гласање иако тоа го барав неколкупати.

Така што, ние сме единствената општина во историјата на Македонија, која оди на привремено финансирање, без да се дискутира за буџетот“, ги објаснува блокадите од СДСМ и ДУИ, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Во интервјуто за „Фокус“, Таравари говори за разочарувањето од Заев, за проектот „Вистината за ДУИ“, со кој сака да покаже дека и во таа партија има криминалци, за одговорноста што ја чувствува за некои кадровски смени во Министерството за здравство.

Тврди и дека со сите опструкции што ги има како градоначалник, Алијансата за Албанците во моментов во Гостивар води за неколку проценти пред ДУИ.

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”