Арафат Муареми: Успеав да докажам кој зел провизија за автопатот Демир Капија – Смоквица!

by fokus

Управата за финансиска полиција функционира цели 15 години, но до неодамна ретко кој граѓанин знаеше дека таа воопшто постои. Изминатава година, погледите се свртеа кон оваа институција, кога кривични пријави заработија екс градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, поранешниот директор на Управата за културно наследство, Паско Кузман…

Амбициозниот директор, 37-годишниот Арафат Муареми, кој беше дел и од истражителскиот тим на СЈО, а кој успеа да ја разбуди Управата од долгогодишниот сон, најавува дека ова е само за загревање.

Неговите планови се кривично да одговараат сите функционери што украле дел од народните пари, а, пред сѐ, преку јавните набавки.

Имаше успешен почеток со разоткривањето на коруптивниот проект „Скопје 2014“, а во моментот во врат им дише на шест поранешни градоначалници, за кои постои сомнеж дека ја исцедиле општинската каса

Разговараше
Валентина ВУРМО

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”