Апсолутна власт за Мицкоски, Пирова победа на Ахмети, тежок удар за Ковачевски!

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа на двојните претседателски и парламентарни избори. Имено, партијата освои 59 пратенички мандати, а нивната кандидатка за претседател освои над половина милион гласови при постигнат цензус од 40 проценти.

Притоа, партискиот лидер и мандатар Христијан Мицкоски порача дека граѓаните ја ослободиле државата и вети поинакво владеење.

Досега владејачкиот СДСМ, пак,  доживеа изборен дебакл по што партискиот лидер Димитар Ковачевски најави внатрепартиски избори на сите нивоа. Во албанскиот блок, најмногу гласови и пратеници освои коалицијата на ДУИ, но тоа е Пирова победа за Али Ахмети, со оглед дека веќе речиси сигурно е дека дел од новата влада ќе биде ВЛЕН.

Вреди да се напомене дека пратенички групи ќе формираат и Левица и ЗНАМ. Во продолжение, ги издвојуваме главните поенти од најважните постизборни говори…

Подготви
Екипа на „ФОКУС“

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК